Белата куќа планира нова помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира уште еден пакет воена помош за Украина во декември, објави Белата куќа, а продолжувањето на помошта за Киев за војната против Русија ќе зависи од договорот во Конгресот, каде што изгледите за договор се неизвесни, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Ќе ни треба Конгресот да дејствува без одлагање“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Во понеделникот продолжија разговорите во Сенатот, каде што демократите имаат тенко мнозинство, за договор кој ќе вклучува помош за Украина и Израел, како и нови мерки за подобрување на безбедноста на границата меѓу САД и Мексико, на што инсистираа републиканците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Разузнавачките податоци покажуваат дека САД се подготвуваат за војна

Американскиот претседател Џозеф Бајден апелираше до Конгресот да одобри пакет за дополнително финансирање за националната безбедност, кој вклучува 50 милијарди долари помош за Украина за борба против руската инвазија, како и 14 милијарди долари за војната на Израел против Хамас во Појасот Газа.

Претседателот на Претставничкиот дом со републиканско мнозинство, Мајк Џонсон, како и републиканците во Сенатот, постојано повторуваат дека ќе гласаат за помошта само доколку таа биде поврзана со нови контроли на границата меѓу САД и Мексико.

Секој договор постигнат во Сенатот, кој демократите го контролираат со мнозинство од 51-49, исто така ќе треба да биде одобрен од Претставничкиот дом, кој републиканците го контролираат со мнозинство од 221-213, пред да биде усвоен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Загина машиновозач, негов помошник е ранет во руски напад врз Дњепропетровск

Водачот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, во понеделникот објави дека демократите и републиканците постигнале важен напредок кон договорот во текот на изминатата недела.

„Иако работата не е завршена, уверен сум дека се движиме во вистинската насока“, рече лидерот на мнозинството во американскиот Сенат.

Loading...

Сепак, републиканскиот колега на Шумер, Мич Меконел, чија поддршка е потребна за да се усвои таков предлог-закон, рече дека „ќе биде потребно извесно време“ за да се постигне договор, пренесува Ројтерс.

Конгресмените во Претставничкиот дом го напуштија Вашингтон минатата недела како што беше планирано и ја започнаа својата празнична пауза и треба да продолжат со работа по 8 јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го назначи Умеров за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.