Бектеши – Сера: Има простор за зголемување на економската соработка меѓу С. Македонија и Шпанија

Сподели со своите пријатели

Има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Шпанија особено во делот на енергетиката и обновливите извори, констатирале на денешната средба министерот за економија Крешник Бектеши и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Loading...

Шпанија е една од ретките земји со кои Северна Македонија има суфицит во економската соработка и ова, според министерот Бектеши, треба да биде поттик за двете земји во следниот период да работат засилено на зголемување на трговијата, но и на поддршка на компаниите за проширување на нивните деловни активности.

– Министерството за економија и во наредниот период ќе остане отворено за секаков вид на соработка со Кралството Шпанија, истакнал министерот Бектеши на средбата.

Како што информира Министерството за економија, на состанокот било разговарано за билатерланите односи и за можностите и потенцијалите за продлабочување на економската соработка.

Билјана Анастасова-Костиќ

Leave a Reply