„Бејби генг“ – малолетници во банди сеат страв на улиците во Италија

Сподели со своите пријатели

На италијанските улици се зачестени епизодите на насилство меѓу малолетниците.

Loading...

Феноменот „Бејби генг“ кулминираше за време на пандемијата, а во последните денови се пресели од периферијата во елитните делови на италијанските градови, предизвикувајќи загриженост и страв кај населението.

Последниот случај на насилство меѓу бандите малолетници, популарно наречени „бејби банда“ во Италија, се случи во Милано, на централната улица Корсо Комо, позната по модата и ноќниот живот.

Ова е само еден во низата случаи што се евидентирани во последните години, особено за време на пандемијата. Станува збор за малолетници, претежно на возраст од 12 до 17 години, кои формираат помали банди, најчесто во периферните зони, кои ги именуваат по поштенскиот број на таа зона, предизвикуваат нереди и сето тоа го објавуваат на социјалните мрежи.

Нивни жртви се најчесто други малолетници кои напаѓаат кога се сами и кои не се дел од други банди, но се повеќе има конфликти меѓу самите банди, како и напади врз населението без разлика на возраста. Девојките често се дел од бандата.

 

 

Loading...

Изминатиов викенд имаше тепачки и убодни рани на улиците на Милано, во централната зона Гарибалди и Брера, чиј епилог е четири повредени лица, од кои едно е тешко повредено.

Причините најчесто се бесмислени, провокации и кавги под дејство на алкохол, а не толку ретко грабежи и кражби на патики и паричници од други малолетници.

По повод честите сцени на насилство на улиците на Милано, гувернерот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, на својата Фејсбук страница објави дека треба итно да донесе одлуки за зголемување на бројот на силите за спроведување на законот на улиците: армија, карабинерите и полицијата.

Во последните две години насилството врз малолетниците ги исплаши италијанските граѓани.

Се движат во група, немаат почит кон никого, се собираат на плоштадите, често се движат со велосипеди, ја опкружуваат „жртвата“ и сеат страв.

Од каде доаѓа ескалацијата на насилството?

Младите се лути и фрустрирани, а причините се многу, вели професорката Микела Гата, која ја води истражувачката група Инфантилна невропсихијатрија во Падова.

„Досадно им е, немаат контрола над импулсите и се асоцијални. Тие се придружуваат на насилни групи за да привлечат внимание, слушаат рап музика која повикува на насилство зборувајќи за животот на улица, криминалот, употребата на дрога и сиромаштијата. Тие треба да чувствуваат дека припаѓаат на некого и нешто, иако навистина е тешко да се замисли дека нешто што никна во напуштените американски предградија оставено сами на себе, се пренесува во нашите градови и нашата околина“, рече Гата.

Loading...

 

 

Лекарот исто така смета дека зголемувањето на насилството за време на пандемијата е борбата против малолетниците кои не ги почитувале правилата поврзани со борбата против КОВИД, негирањето на реалноста и непочитувањето на правилата кои им ја ускратуваат слободата, еден вид одбранбен механизам против ново ситуација која им предизвикува фрустрација и страв и чувство на беспомошност.

За тоа придонесе и образованието на далечина, како и затворањето во себе и живеењето онлајн.

Улогата на социјалните мрежи

Во овие две години од пандемијата, младите во Италија често организираа масовни собири преку апликациите, а потоа на социјалните мрежи се споделуваатвидеа од тепачки.

Експертите сметаат дека социјалните мрежи имаат фундаментална улога во сето тоа.

Loading...

Професорот Гата изјави дека славата, лајковите и успехот (лесниот успех) се на прво место за младите и дека не е чудно што насилството станува дел од младите луѓе кои сакаат да бидат дел од група која е популарна на мрежите и е дефинирана како „силна“ и „кул“.

„Музиката и видео клиповите, како и инфлуенсерите, покажуваат начин на живот кој може да се постигне само ако сте познат, а тоа го ориентира однесувањето на младите кои имитираат се, бидејќи на тој начин се чувствуваат помалку осамени и се во групи како нив“, изјави таа.

Професорот смета дека одлучувачката улога на возрасните е во комуникацијата со младите и дека е неопходно да се едуцираат кога се во прашање социјалните мрежи кои доживеале вистинска експлозија.

Професорот Алесио Вијено вели дека младите денес сакаат сè веднаш, не можат да чекаат да им се оствари желбата, но таа мора да биде итна. А виновниците се социјалните мрежи кои ја претставуваат таа инстантна комуникација без филтри и чувства за другите.

„Ова не е ништо ново во растењето, младите се однесуваат непромислено, што е многу полошо сега поради интернетот“, додава д-р Вијено.

 

Loading...

 

Епизоди на групно сексуално насилство се случија на плоштадот Дуомо во Милано за време на новогодишната прослава, а слични случаи се случуваат и во многу поголеми италијански градови.

Пандемијата, затвореноста, оддалеченоста, стравот, правилата доведоа до поголемо незадоволство и анксиозност кај младите луѓе, кои својот немир го изразуваат преку агресија, најчесто на најслабите, со објавување насилство на социјалните мрежи, поттикнување и лајкови од други што ги прави видливи и важни.

Но, возрасните се тие кои заборавиле како се воспитуваат децата, сметаат експертите и веќе не можат да го најдат клучот за комуникација со нив.

Loading...