Бегалската криза главна тема на разговорот меѓу српската амбасадорка и Дамјановски (видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак Томиќ денеска беше во посета на општина Куманово, при што оствари средба со градоначалникот Зоран Дамјановски.

Loading...

Како што истакнаа амбасадорката поради обврски не можела да присуствува на свечената седница по повод Денот на ослободувањето и затоа сега е во посета на градот. Посетата Дамјановски и амбасадорката Томиќ ја искористиле да поразговараат на неколку актуелни теми заеднички за граѓаните на Република Србија и жителите на Куманово.

Меѓу темите најактуелна била бегалската криза и поврзаноста на Куманово и Прешево како главни точки на бегалската рута.

Како што истакна Дамјановски Македонија и Србија се најважните точки на бегалската рута, па затоа и разговорот најмногу бил сконцентриран на оваа тема.

Можните импликации од актуелните состојби во европската заедница, најавите на Брисел и другите држави за можно сведување на мигрантскиот бран на некоја димензирана бројка и она што е предизвик за двете чувствителни општини најсеверна точка е Куманово, а најјужна Прешево, каде се врши оваа размена – изјави градоначалникот Дамјановски.

Душанка Дивјак Томиќ, амбасадорка на Република Србија истакна дека секогаш во Куманово се чувствува убаво, затоа што овој град и српскиот народ имаат заеднички проблеми, интереси и сличен менталитет.

Во петок би требало да биде состанокот на министрите за внатрешни работи на државите членки на ЕУ, каде главна тема се мигрантите и ќе видиме какви мерки ќе усвојат и нема сомнежи дека тоа ќе има влијание и на нас, односно ќе бара и ние да преземемо мерки кои ќе бидат неопходни да ги заштитеиме сопствените национални интереси, а од друга страна и натаму да пружаме помош на бегалците – истакна амбасадорката.

Освен за бегалската криза на средбата Дамјановски и Томиќ разговарале за билатералните односи, како и соработката со братските градови на Куманово од Република Србија.

Loading...