На територија на Македонија, од Грција во последната недела се забележани од 1000 до 1500 мигранти кои чекаат да влезат во возот за Табановце, и толпата народ станува се` потешка за контролирање, со оглед дека има недостасток од возови кои се обраќаат на таа релација, па оттука и неконтролирано однесување на истоштените мигранти кои очајнички се борат да дојдат до слободно место, коментираат граѓанските и невладини активсти.
Бројот на мигрантите расте, коментираат активистите на социјалните мрежи, но не и грижата на државата да им издава потврди во што е можно покус рок на Гевгелија и нивно пропуштање на дивиот премин во Табановце од српска страна.
Мигрантите кои не успеваат или одбиваат да се качат во пренатрупаните возови, земаат такси превоз од Гевгелија, и се упатуваат кон Табановце, каде вообичаено преноќуваат, од каде заминуваат од Македонија во раните утрински часови, штом српската полиција ќе одлучи да го отвори коридорот кој води до Прешево.
Според извештајите од терен, бранот бегалци ќе се зголемува на бројност, и се бара итна државна асистенција од страна на активните невладини организации кои неколку месеци наназад се грижат за бегалците во вид на давање на бесплатна храна и пијалоци.