Бегалка во деветиот месец од бременоста пренесена во куманосвката болница

Сподели со своите пријатели

Двајца бегалци од Сирија во текот на вчерашниот ден биле транспортирани во кумановската болница поради неопходна здравствена нега, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Едното лице е бегалка која била во деветиот месец од бременоста и истата е пренесена на Акушерското одделение при Општа Болница Куманово.

Вториот пациент, роден во 1991 година, инаку државјанин на Сирија бил пренесен заради извршен лекарски преглед при што му била дадена ампуларна терапија и истиот е вратен назад во Прифатниот центар на Табанвоце.