Бегалка од Ирак претепана од својот сопруг во ПЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

Бегалка од Ирак физички била нападната од страна на нејзиниот сопруг во Прифатниот центар Табановце, стои денес во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Таа видно вознемирена и тепана дошла во бараката на Министерството за труд и социјална политика и таму го пријавила случајот при што веднаш биле известени надлежните.

Жената заедно со своите три малолетни деца била сместена во СОС Детското село.

Инаку, вчера во Транзитниот центар присуствувале 1.295 бегалци од кои 933 се во кампот, и меѓу нив најбројни се 467 од Авганистан, 328 од Сирија,120 од Ирак, 4 од Либија,13 од Иран, и еден од Пакистан. На гранична линија присутни се 362 мигранти.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.