Бегалец од Сенегал на лотарија освоил 400.000 евра

Сподели со своите пријатели

Бегалец од Сенегал, кој бил спасен од шпанската крајбрежна стража кога на мал преполнет и дрвен чамец пристигнал од Мароко, освоил 400.000 евра на шпанската божиќна лотарија.

Сенагалеџот, Нгаме (35), еден е од 1.600-те добитници на големата лотарија. Добитниот тикет го купил во крајрежниот град Рокетас де Мар, каде живее со својата жена која исто така како бегалец пристигнала од Мароко, пренесува „Гардијан“.

Не можам да верувам. Има денови кога немаме ниту пет евра да поделиме – изјавил Нгаме за шпанските медиуми.

Тој и неговата спруга пристигнале на шпанскиот остров Тенерифе пред осум години. Ги спасила крајбрежната стража затоа што малиот дрвен чамец на кој патувале наишол на проблеми.

На чамецот имаше 65 луѓе. Многу сум благодарен на Шпанците и нивната крајбрежна стража што не спаси од морето – додава Нгаме.

Откако пристигнале во Шпанија, се издржуваат работејќи повремено како берачи ан овошје и зеленчук или помагајќи во стаклениците. Нгаме, меѓутоа неодамна е отпуштен и од тогаш безуспешно бара работа.

Шпанската божиќна лотарија, нарекувана „Ел Гордо“ (дебела), една е од „најбогатите“ на светот, а оваа година вредела 2,2 милијарди евра.

За разлика од другите големи лотарии кои со огримни износи ги наградуваат само првите неколку добитници, шпанската лотарија наградува неколку илјади среќници.

Таа лотарија се одржува од 1812 година, а не ја прекинала ниту шпанската граѓанска војна во периодот од 1936 до 1939 година.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.