Бегалец хоспитализиран на Инфективното одделение во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Еден бегалец од Транзитниот центар Табановце бил хоспитализиран на Инфективното одделение при Општа болница Куманово во текот на вчерашниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Освен него во кумановската болница лекарска помош побарале и 17 други лица, на кои им биле направени специјалистички прегледи, односно, извршени биле потребните иследувања и интервенциипри што ја добиле соодветната лекарска помош и истите биле вратени во Транзитниот центар Табановце.

Инаку во текот на вчерашниот ден во кампот биле регистрирани вкупно 1.027 бегалци.