Бегалците во унгарски камп добиваат храна како да се во штала (видео)

Сподели со своите пријатели

Вознемирувачка видео – снимка која ги преплави социјалните мрежи, покажува каков третман имаат бегалците во главниот бегалски камп во Унгарија на границата со Србија.

Loading...

Снимката изобилува со сцени на кои се гледа како полицајците ги хранат бегалците како да се стока во штала.

Настанот го забележал австриски волонтер кој вчера го посетил кампот близу селото Рошка, на кој се гледа како 150 луѓе со сета сила се гураат кон сендвичите кои ги фрлаат унгарските полицајци со шлемови и хигиенски маски. Тие сендвичите ги фрлаат во ограден простор, што може да се види од снимката, пишува порталот АФП.

Како да се животни во штала, како да е ова Гвантанамо во Европа, вели Австриецот Александер Шприцендорфер кој доцна навечер на каналот Јутјуб ги објави снимките кои ги направила неговата сопруга Михаела, со повеќе од 20 000 прегледи за една ноќ.

Австриецот Шприцендорфен, кој инаку е член на виенскиот градски совет од редовите на австриската Зелена партија, вели дека во кампот во местото Рошка дошол за да однесе храна, облекло и лекови како би помогнал на илјадниците бегалци кои доаѓаат преку граница.

Како што објаснува, додека разговарал со волонтер од Црвен Крст, неговата сопруга набљудувала како се одвива сцената на хранење и одлучила да го сними тој момент и да го сподели со светот.

 

 

Loading...