Бегалците сардисани – Хрватска ја спушти рампата, Словенија им наплаќа 20 евра за престој

Сподели со своите пријатели

По одлуката Хрватска доцна синоќа да затвори седум гранични премини кон Србија, бегалците кои се најдоа на тој потег, според јавувањето на странските медиуми, границата ја преминувале илегално.

Loading...

Како што стои наведено,  при илегалниот обид, стотина од нив се приведени, додека според американските медиуми, бегалците сепак преку полиња влегувале во Хрватска од српска страна.

Агенцијата Танјуг пренесува дека стотина бегалци се нашле на српска територија и кај местото Бездан, откако Хрватска одлучи да затвори седум гранични премини, и дека бегалците поставиле шатори за да преноќат, но кратко потоа биле префрлени во прифатен центар со организиран автобуски превоз, и дека тој дел од границата бил исчистен од бегалци.

A migrant holds a baby as he waits to board a bus in Tovarnik, Croatia, September 17, 2015. Amid chaotic scenes at its border with Serbia, Croatia said it could not cope with a flood of migrants seeking a new route into the EU after Hungary kept them out by erecting a fence and using tear gas against them. REUTERS/Antonio Bronic
Словенскиот државен врз најавил вонредна седница за денес, откако во текот на ноќта, на словенска територија влегле неколку стотици бегалци, т.е близу тристотини, наведуваат медиумите.

Полицијата во Словенија потврдила дека 150 бегалци и мигранти се симнати присилно од меѓународниот воз кој од Белград преку Загреб сообраќал до Цирих, и дека бегалците привремено се сместени во Центарот за странци во Постојна.

Откако поминале неколку часови во вагоните, бегалците по неуспешните преговори да бидат вратени во Хрватска, биле префрлени во пограничниот град Постојна, каде се сместуваат лица кои во Словенија не побарале азил, туку чекаат на постапка за примопредавање на држави од кои потекнуваат или упатување во трети, сигурни држави.

Loading...

Заедно со бегалците од Добово, во центарот во моментот се наоѓаат нешто повеќе од 200 бегалци кои по правилата на центарот, плаќаат по 20 евра за еден ден престој. Во центарот во Постојна, бегалците кои случајно се нашле таму, поминувале по 17 дена во просек, објави словенската полиција.

Од друга страна, британската агенција Ројтерс, известувајќи за затворањето на хрватските гранични премини, наведува дека е нејасно на кој начин хрватската полиција ќе се обиде да ги спречи бегалците да навлезат на нивна територија ако тие сепак успејат да влезат на било кој начин.

Фото: Ројтерс

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.