Бегалците останаа заглавени во Грција, вчера нема издадени потврди во Македонија

Сподели со своите пријатели

Во текот на последното деноноќие нема издадено ниту една потврда трански државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Ваквата ситуација е резултат на блокадата која од завчера ги остави бегалците во Грција, односно кај граничниот премин со Македонија, Идомени, откако железниците на Словенија поради дефект побараа Македонија, Србија и Грција привремено да го стопираат протокот на бегалци.

До кога ќе трае оваа агонија за сега нема информации, но огромен е бројот на бегалците кои со денови чекаат на Идомени, каде постојано пристигнуваат нови групи кои сакаат да транзитираат кон север.