Бегалците од Табановце со лоша здравствена состојба завршуваат во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Неколку бегалци во текот на последните 24 часа завршиле на Одделенијата во кумановската болница, информираат од Регионалниот центар за управање со кризи.

Три лица од кои едно од Ирак биле донесени на Инфективното одделение каде по извршени здравствени прегледи, потребни иследувања ,направени потребни интервенции и дадена соодветна терапија биле вратени на пунктот на Табановце.

Loading...

Едно лице Авганистан завршило на Детското одделение во кумановската болница, кое по извршените здравствени прегледи  и интервенции било вратено во Прифатниот центар Табановце. На Интерното одделение пак завршиле две лица, од кои едното од Сирија, а другото државјанин на Авганистан, кои по извршените прегледи и лекарски интервенции биле вратени на Табановце.