Бегалците најчесто бараат азил во Германија, најмалку на Балкан

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Британски Телеграф објави карта од земјите во Европа на која јасно се гледа каде и во кои држави, бегалците најповеќе бараат азил со валидно поднесени барања.

Откако арапскиот свет се соочи со војна и напади на ИСИС, се создаде бегалски бран од кој не останаа заобиколени ниту држави кои не се членки на ЕУ, во случајот Македонија и Србија.

Со продорот кон ЕУ, бегалците според Даблинската регулатива, смеат да побараат азил во првата земја од Унијата во која ќе влезат, и се соочуваат со моментална депортација ако побараат азил во било која друга земја, пишува Телеграф.

Германија како држава која досега прими можеби најголем број бегалци од земјите на ЕУ се откажа од таквата регулаива во корист на бегалците, а францускиот претседател Франсоа Олан ги повика останатите членки на ставање во сила на единствениот систем кој ќе им гарантира право на бегалците да побараат азил било каде во рамките на границите на Унијата.

Capture

На прикажаната карта се гледа дека Германија има најголем број поднесени барања, а според податоците на УНХЦР, само во 2014 година, во таа земја се поднесени дури 173.000 барања.

За споредба, Италија и Грција на чие тло бегалците пристигнуваат по поморски пат, досега имаат само третина од вкупниот број барања поднесени во Германија, т.е 63 илјади во Италија и 9.450 во Грција, пренесува хрватскиот Дневник.хр.

Loading...

Во Македонија, заклучно со вчерашниот ден, од 19 јуни до Одделението за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.