Бегалците и натаму завршуваат во кумановската болница, но епидемиолошката состојба е стабилна

Сподели со своите пријатели

Во Општа болница Куманово во текот на вчерашниот ден биле донесени четири лица на кои им се направени специјалистички прегледи, при што биле извршени сите потребните иследувања и интервенции и им е дадена соодветна терапија.

На Инфективното одделение завршило и бебе родено во 2015 година во Авганистан, со симптоми на акутен Ентероколитис, односно воспаление на тенкото и дебелото црево.

Откако биле завршени прегледите и им била укажана лекарска помош сите биле вратени во Транзитниот центар Табановце.

Од страна на Зентарот за јавно здравје – Куманово велад дека се следи епидемиолошката состојбa и засега нема компликации.

Инаку залучно вчерашниот ден во кампот биле регистрирани вкупно 1.038 бегалци, додека на граничната линија повеќе нема никој.