Бегајте, евакуирајте се, вели Стојанче Ангелов

Сподели со своите пријатели

Бегајте, евакуирајте се, порача директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Loading...

Како што вели Ангелов, тешко е да се напушти домот кој се градел со сопствени раце цел живот, но нов дом ќе се направи, а животот нема да се врати.

– Затоа апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат во место каде пожарот се движи кон нив, тоа може да му се случи на секој, дури и на оние граѓани кои сега се далеку од пожарите, бидејќи пожарите се шират со чудна брзина. Дури има некои моменти како тие пожари се палат одеднаш, на повеќе локации. Полицијата работи на барање на причинителите. Бегајте, евакуирајте се, човечкиот живот е бесценет, рече Ангелов.

Никола Ивановски

Leave a Reply