Бегајќи од полицијата влетал во гнездо на лути оси, па лесно го фатиле

Сподели со своите пријатели

Германската полиција привела осуденик благодарение на рој вознемирелни оси кои го нападнале во обидот за бегство.

Loading...

Полицијата во Олденбург соопштила дека се случила необична операција при обидот за приведување на 32-годишен маж осуден на казна затвор од 11 години.

Осомничениот, чие име не е објавено, избегал од полицијата скокајќи од балконот на станот право во гнездо на оси, пренесува АП.

Изиритираните инсекти го нападнале мажот кој потоа истрчал на улица. Полицајците се обиделе да го стигнат, но и тие биле нападнати од осите.

Осуденикот успеал привремено да се ослободи од полицијата, но не и од осите. За да им избега на крајот скокнал во блискиот базен, но го стигнала и полицијата.

Leave a Reply