Бебето чие раче влезе во венчален прстен сега тежи три килограми (фото)

Сподели со своите пријатели

Родена тринаесет седмици предвреме, малата Моли на денот на раѓањето била толку мала што нејзиното раче можело да влезе во венчалниот прстен на нејзиниот татко.

Loading...

На денот на раѓањето таа имала едвај 500 грама, и докторите биле повеќе од убедени дека таа нема да живее повеќе од три недели. Меѓутоа, овој мал борец успеал да ги надмине сите потешкотии, и сега, 17 недели подоцна, таа конечно ќе излезе од болница во прегратки на своите родители.

 Kako danas izgleda beba kojoj je cijela ruka stala u tatinu burmu

 

Нејзината мајка Стефани Перин била во 27 недела од бременоста кога докторите и кажале дека поради сериозно пореметување на постелката, таа мора хитно да биде породена со царски рез. Стефани и нејзиниот сопруг Џејми биле скршени од болка кога докторите додале дека бебето во тој период не е доволно развиено, и дека нема да може да живее подолго од три недели.

Иако докторите се трудиле да ја одржат бременоста што е можно подолго, Стефани сепак била породена во 27  – та гестациска недела. Поради проблемите со постелката, бебето не можело да расне со адекватна брзина во внатрешноста на матката.

– Тоа беше навистина тешко. Се будевме секое утро прашувајќи се дали нашето бебе е живо. Правевме ехо преглед скоро секој ден, за да провериме дали е се во ред со нашата ќерка, вели Џејми.

Откако била породена, Стефани на свет донела бебе тешко половина килограм по што докторите соопштиле дека со ваква тежина, бебето нема да живее подолго од неколку седмици.

rsizemollie

Loading...

Седумнаесет недели подоцна, Моли тежи три килограми, изгледа како секое друго здраво бебе и успева да го преброди секој ден. Нејзините родители се пресреќни што конечно дочекале да го земат своето бебе во прегратка.

 Kako danas izgleda beba kojoj je cijela ruka stala u tatinu burmu

Дојде и тој момент кога можеме своето бебе да го однесеме дома. Чувството е неописиво. Не можеме да веруваме дека си одиме дома.

А, Моли?

Ах, таа е нашиот мал борец, не ја симнува насмевката од лицето, гледајќи во нас, велат пресреќните родители.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.