Бебенце плаче кога родителите ќе ја исчитаат омилената приказна (видео)

Сподели со своите пријатели

Емет Стиверс, инаку момченце старо десет месеци, стана популарен на каналот Јутјуб, откако неговите родители, Ден и Алисија објавија негова снимка.

Loading...

Литературните фаворити на малиот Емет се Маргарет Вајс Браун и книгата “Лека ноќ, месечко” како и Оле Ронсон и неговата книга “Јас сум зајаче”.

Емет секој пат добива мал нервен напад кога ќе дојдеме до крајот на приказните. Ова дете навистина ги сака книгите, вели неговиот татко Ден на социјалната мрежа Твитер.

Кога видел дека истата вечер откако е објавено видеото има повеќе од 80 000 допаѓања, таткото на Твитер се нашалил како Емет можеби веќе почнал да штеди за својот студентски фонд.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.