По нападот на Запорожје, се чини дека одмаздата за мостот започна низ цела Украина.
Рано утрово експлозии одекнаа низ центарот на главниот град на Украина, Киев.
Нападот на мостот на Крим во саботата, рускиот претседател Владимир Путин го оцени како терористички чин и ја обвини украинската тајна служба за нападот.
По нападот на Запорожје, се чини дека одмаздата за мостот започна низ цела Украина.
На социјалните мрежи се шири видео од нападот на Киев. Додека репортер на Би-Би-Си во живо известуваше од Киев, одекна експлозија.
Програмата била прекината, а водителката го повика колегата да си оди.
Утрово Русите извршија напади и на други делови на Украина. Освен во Киев, експлозии се регистрирани и во Житомир, Днепар и Тернопил. Има и непотврдени информации за експлозии во Лавов.
The attacks on #Kyiv could be heard during the #BBC broadcast. pic.twitter.com/6EIMpfRSXd
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.