Базен на 300 метри височина влезе во Гинис (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новоотвореното луксузно одморалиште во сопственост на Adress Beach Resort and Spa во Дубаи отвори импресивен базен за гостите, лоциран на 77 кат, на скоро 300 метри надморска височина.

Loading...

Долг 94,84 метри и со ширина од 16,5 метри, тоа е скоро двојно подолго од олимпискиот базен, пишува Си-Ен-Ен.

Базенот е отворен само за гостите на хотелот над 21 година, но исто така можете да уживате во прекрасниот поглед ако резервирате место во „Zeta Seventy Seven“, фузиски азиски ресторан, наречен така затоа што, како и базенот, се наоѓа на 77 кат на хотелот.

Но, висината на која е изграден базенот не е единствената што им обезбеди на своите сопственици Гинисов рекорд.

 

Adress Beach Resort, заедно со Address Beach Residences, се наоѓа во две кули кои се поврзани во подножјето и повторно со „рајски мост“ во делот од 63-ти до 77-ми кат, пишува Си-Ен-Ен.

Во овој дел од кулите, на висина од скоро 300 метри, има луксузни соби  и апартмани, што е внесено и во Гинисовата книга на рекорди.

Loading...

Импресивната зграда наречена „Jumeirah Gate“ е отворена во декември 2020 година и е уште една во низата архитектонски атракции во Дубаи.

 

Leave a Reply