Барут, метален детектор и ловечки патрони пронајдени кај жител на Алгуња

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишник од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, бил приведен вчера откако полицијата кај него пронашла барут, метален детектор и ловечки патрони.

– На 14.10.2025 во 16:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.С.(37) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес кај него, извршен со судска наредба, пронајдени се барут, метален детектор, ловечки патрони идр..

– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановскиот ФИЛМАЈ фестивал првпат есенски во Скопје

Никола Ивановски