Барселона го совлада Еибар

Сподели со своите пријатели

Барселона со 2:0 го совлада на гости Еибар во 24. коло од шпанската Ла Лига.

Луис Суарез во 16. минута го отвори резултатот за водство на гостите од 1:0, но Еибар продолжи да се бори равноправно се до 66. минута, кога Орељана заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Каталонскиот тим знаеше како да ја искористи предноста и Жорди Алба во 88. минута го постигна вториот погодок за конечни 2:0.

Барселона по овој триумф повторно има 10 бода предност во однос на Атлетико Мадрид на врвот на табелата./МИА

Leave a Reply