Барселона го договори новиот „Иниеста“

Сподели со своите пријатели

Сезоната е во одлучувачката фаза, но во Барселона мислат и за иднината и локалните медиуми објавија дека тимот постигнал принципиелен договор за привлекување на нов фудбалер.

Техничкиот секретар, Роберт Фернандез е во Бразил, каде што се договорил со Гремио за привлекување на полудефанзивецот Артур, кој ќе ги чини „Каталонците“ 40 милиони евра, во кои се вклучуваат и парите од евентуални бонуси.

Играчот се споредува со Иниеста и Чави, а шефовите на Барса јасно го идентификуваа како следната голема фигура во средината на теренот. Се очекува да се специфицираат повеќе детали, но се верува дека се преговара за важни прашања, пренесоа шпанските медиуми.

Освен тоа од Барса се согласиле Артур да отане во Гремио до крајот на 2018 година и дури во јануари 2019 да пристигне на „Камп Ноу“, што исто така одиграло своја улога во разговорите.

Официјално, тој ќе биде купен во лето, по што ќе биде изнајмен за да ја доигра сезоната во својата татковина. /МИА

Leave a Reply