Барселона е првиот клуб во последните 16 години со двајца Американци во составот на натпревар од ЛШ

Сподели со своите пријатели

Барселона синоќа на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Динамо Киев (4:0) пушти двајца американски играчи на теренот.

Loading...

Деведесет минути играше 20-годишниот Сержињо Дест, кој го отвори резултатот на средбата. Во 93. минута 19-годишниот Конрад Де Ла Фуенте влезе како замена.

Ова е првпат за 16 години во Лигата на шампионите двајца Американци да настапат за ист тим.

Последен пат тоа се случи на 8 декември 2004 година, кога голманот Тим ​​Хауард и дефанзивецот Џонатан Спектор играа за Манчестер јунајтед на натпреварот против Фенербахче (0:3).

Зоран Стерјовски

Leave a Reply