27.08.2019 11:20

Бара развод оти сопругот е премногу фин: Ѝ купува подароци и не се кара


Една жена од Обединетите Арапски Емирати побарала развод од нејзиниот сопруг заради огромната љубов, грижа и вниманието што го добива од него. Мажот и помагнал на сопругата во домашните работи, готвел и чистел, но оваа жена започнала да се гуши, па решила да се разведе.

Секоја жена би сакала ваков сопруг, но се чини дека оваа жена примила премногу внимание и љубов. Таа пред судот во Фуџараху изјавила дека сопругот никогаш не се карал со неа, а камо ли да и се развика, пренесува „Калеј Тајмс“.

loading...

– Никогаш не го крена тонот кон мене, ниту ме одби. Чувствував дека неговата преголема љубов ме задушува. Тој дури и ми помагна да ја исчистам куќата “, рече оваа жена.

Таа објаснила дека нејзиниот живот се свртел кон пеколот заради неговата прекумерна љубезност.

– Очекував да се карае понекогаш, но со мојот романтичен сопруг е невозможно. Тој секогаш ќе ми простува и ќе ме опсипува со подароци – рекла оваа жена.

Мажот мисли дека не сторил ништо лошо:

„Сакав да бидам совршен и внимателен сопруг“, рекол тој.

Таа еднаш му замерила дека тој се здебелил, па тој започнал диетаи да вежба за да повторно изгледа добро, но ја скршил ногата поради напорно вежбање.

Мажот на крајот побарал од судот да ја советува сопругата да се разведе, а судот го одложил случајот за да им даде на сопружниците можност за помирување.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments