Банките и поштите да воведат ред во институциите и надвор од нив, препорача ОШЗС Куманово

Сподели со своите пријатели

Банките и поштите при исплата на пензии и други услуги кон клиентите да воведат ред, како внатре, така и надвор од институцијата, препорачаа од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Loading...

Ваквата препорака следува, откако утринава пензионерите ја окупираа НЛБ Банка на градскиот плоштад, при што ниту држеа растојание, ниту почитуваа дел од мерките за заштита од коронавирусот.

– Препорака до сите јавни институции – Банки, Пошта при исплата на пензиите и други услуги кон клиентите и сите даватели на јавни услуги на граѓаните да воведат ред во самите институции и надвор од нив, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2 метри, велат од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Никола Ивановски

Leave a Reply