Банана залепена за ѕид продадена на аукција за неверојатни 6,2 милиони долари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Провокативното дело на Маурисио Кателан, банана залепена за ѕид со селотејп, e продадено за неверојатни 6,2 милиони долари на аукција во Сотби во Њујорк, четири пати повеќе од проценката.

Loading...

 

 

Кинескиот инвеститор во криптовалути Џастин Сан победи шест други понудувачи за да ја купи уметничката инсталација „Комедијан“ на италијанскиот уметник, соопшти аукциската куќа.

Залепената банана, која сега е веројатно најскапото продадено парче овошје, всушност била купена порано истиот ден за 0,35 долари, пишува Њујорк Тајмс.

Делото „Комедијан“ првпат беше откриено во јавноста во 2019 година и веднаш стана сензација и предизвика бројни дебати и расправии за тоа што всушност е уметност.

Инсталацијата, која го обиколи светот како дел од различни изложби, доаѓа со инструкции како да се замени бананата кога ќе скапе.

Loading...

Всушност, бананите досега се веќе двапати изедени.

Минатата година, јужнокорејски студент си се послужил со бананата кога била изложена во музеј во Сеул. Вработените во музејот брзо ставиле нова банана.