Балканската мега звезда Николија во сабота во Бар Версус !

Сподели со своите пријатели

Бар Версус не престанува со изненадувањата за оваа сезона, па така за овој викенд повторно имаат најавено гостување. Овој пат, кумановската публика ќе ја забавува една од најпопуларните, и дефинитивно најатрактивна балканска звезда, Николија.

Loading...

Николија е пејачка, танчерка и фото модел. Својата кариера ја започна во 2011 година, а најголем мотив да започне со пеење го добива од својата мајка, балканската фолк легенда Весна Змијанац. Во 2016 Николија го издава својот прв албум, додека нејзините спотови се најгледани видеа на Балканот. Позната е и како учесник на реалното шоу Survivor.

Настапот на Николија ќе се оддржи во сабота, 26 август, со почеток во 21:00 часот, додека влезниците ќе се продаваат по цена од само 200 денари. Резервациите ќе важат најдоцна до 22:00 часот !