Босанецот Мухамед Кахримановиќ, познат по прекарот Чекан поради силата што ја има во рацете, успеал да собори уште еден, 13-ти Гинисов рекорд.
За време на снимањето на ТВ-шоуто „Суперѕвезда на Гинисовата книга на рекорди“ во Милано, Италија, тој за една минута скршил 68 бејзбол палки. Веднаш по шоуто, Кахримановиќ сакаше да го сподели својот голем успех директно од Милано со своите сонародници од земјата од која потекнува.
– Го срушив најтешкиот рекорд. Искршив 68 бејзбол палки за една минута. Публиката останала во неверуање, неверојатно чувство. Овој рекорд го држеше човек од Јапонија, кој со нога скрши 65 стапови, имав рекорд од 55 стапови во минута, па успеав да го надминам, и да го поставам мојот личен рекорд – изјави Кахримановиќ за порталот „Аваза“.