Баку ги евакуираше дипломатите од Техеран

Сподели со своите пријатели

Сите вработени во амбасадата на Азербејџан во Иран се евакуирани, а дипломатската мисија во Техеран целосно ги прекина своите активности по нападот врз амбасадата, изјави заменик министерот за надворешни работи на Азербејџан Халаф Халафов за новинарите.

Loading...

Претходно, Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека во нападот врз амбасадата на таа земја во Иран во петокот, едно лице загина, а две се ранети.

„Целосно ја суспендиравме дипломатската активност на амбасадата. Таму остануваат пет лица во врска со заштитата на административната зграда и имотот, но оние кои останаа во амбасадата нема да вршат дипломатски активности“, рече Халафов, пренесе РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Осомничениот за нападот е уапсен и во тек е истрага за мотивот за нападот, соопшти претходно полицијата во Техеран.

Според полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, повикувајќи се на началникот на полицијата, осомничениот влегол во амбасадата заедно со две деца.

Како можен мотив се наведуваат „лични проблеми“.