Азербејџанската армија соопшти дека ерменската авијација вчера се обидела да изврши напад на областа Зангилан, на ерменско-азербејџанската граница, и оти тогаш е урнат ерменскиот борбен авион Су-25.
– Како резултат на будноста на припадниците на нашите единици, соборен е авион на непријателот Су-25 кој ги нападна нашите позиции од воздух, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи.
Во соопштението на воената команда во Баку исто така се наведува дека за време на борбите „непријателот изгубил околу 30 војници и морал да се повлече на територијата на Ерменија“.
Ерменската страна досега не ги коментираше овие обвинувања.
Од друга страна, властите во Нагорно Карабах објавија дека во текот на ноќните борби биле уништени тенкови и колона воена опрема на азербејџанската армија.
Јасмина Тасевска