Бајден: Зеленски „не сакаше да ги слушне“ предупредувањата за руската инвазија

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да ги слушне“ предупредувањата на САД пред руската инвазија на неговата земја.

Loading...

„Многумина мислеа дека претерувам кога зборував за рускиот напад врз Украина, пред тој да започне“, рече Бајден на приемот во Лос Анџелес, каде што се собираа средства за Демократската партија.

„Но, знаев дека имаме информации во тој поглед. Дека Путин ќе ја премине границата. Немаше сомнеж, но Зеленски не сакаше да слушне“, изјави Бајден на новинарите.

САД почнаа да предупредуваат за подготовките за инвазија на Украина многу пред рускиот претседател да објави „специјална операција“ на 24 февруари, пишува France Presse.

Овие предупредувања предизвикаа неверување, па дури и критики од некои европски сојузници, кои во тоа време мислеа дека САД претеруваат.