Западните земји направија се за да ја подготват Украина за контраофанзива, рече американскиот претседател Џо Бајден, додавајќи дека е оптимист.
Loading...
„Ние колективно направивме сè за да им помогнеме да бидат подготвени. Помошта ќе продолжи“, рече Бајден на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека е „многу оптимист во разговорите со Украинците“.
Тој истакна дека САД и нивните сојузници имаат намера да му пружат помош на Киев во обезбедувањето „долгорочна безбедност“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.