Бајден за тајните досиеја пронајдени во неговата куќа: Не жалам…

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека „не жали“ поради откривањето на доверливи документи во неговиот дом и поранешна канцеларија и верува дека проблемот ќе биде решен.

Loading...

„Не жалам. Мислам дека ќе откриете дека нема ништо таму. Целосно соработуваме и со нетрпение очекуваме брзо да го решиме ова прашање“, им рече Бајден на новинарите во четвртокот додека беше на турнеја за штетите од невремето во Калифорнија.

Тој додаде дека документите веднаш по нивното пронаоѓање се предадени на Државниот архив.

Адвокатскиот тим на Бајден минатата недела соопшти дека во ноември открил околу 10 досиеја во заклучен кабинет во центарот Пен Бајден во Вашингтон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата се зголемија поради американските санкции кон Русија

Два дена подоцна, на 12 јануари, Белата куќа објави дека во домот на Бајден бил пронајден втор сет на доверливи документи од неговото време како потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Адвокатите на претседателот пронајдоа документи во гаражата на домот на Бајден во Вилмингтон, Делавер, а еден доверлив документ беше пронајден во соба до гаражата, соопшти тогаш Белата куќа.