Американскиот претседател Џозеф Бајден смета дека односите на новиот директор на Твитер, Илон Маск, со другите земји се „достојни за внимание“.
Бајден, пишува Гардијан, на прес-конференција во средата, на прашањето дали мисли дека Маск е закана за националната безбедност и дали американската влада треба да го истражи неговото купување на Твитер со помош на конгломерат од Саудиска Арабија, одговорил:
„Јас Мислам дека вреди да се разгледа соработката и/или техничките односи на Илон Маск со другите земји“, рече Бајден.
„Дали направил нешто несоодветно, не го сугерирам тоа. Само посочувам дека вреди да се обрне внимание“.
Саудискиот принц Ал-Валид бин Талал, меѓу најбогатите инвеститори на Блискиот Исток, и неговата инвестициска фирма се појавија како втор најголем инвеститор во Твитер по преземањето на платформата за социјалните медиуми од страна на Маск.
Двајца американски сенатори – демократот Рон Вајден, кој претседава со финансискиот комитет и Крис Марфи од Конектикат – минатата недела повикаа на „темелен преглед“ на договорот за купување на Твитер.
Во изјавата, Вајден рече: „Со оглед на репутацијата на саудискиот режим дека ги замолчува критичарите, подметнува шпиони на Твитер и бруталното убиство на новинарот на Вашингтон пост (Џамал Кашоги беше убиен пред четири години), на саудискиот режим мора да му се оневозможи пристап до информации за профили на Твитер, директни пораки и други податоци кои би можеле да се користат за да се идентификуваат политичките противници или да се потиснат критиките на кралското семејство.
„Долго тврдам дека заштитата на податоците на Американците од владите убијци е американски национален безбедносен интерес и овој саудиски режим апсолутно одговара на тој опис“, додаде Вајден.
Купувањето на Твитер од страна на Маск предизвика загриженост дека тој би можел да се соочи со притисок од земјите кои се обидуваат да го контролираат слободниот говор на интернет.
Најбогатиот човек на светот, Маск е извршен директор на производителот на електрични автомобили Тесла, кој ја смета Кина за клучен пазар и производствена база.
Тесла управува со фабрика во Шангај, која сочинуваше околу половина од глобалните испораки на Тесла минатата година.
Маск е и извршен директор на ракетната и сателитската интернет компанија SpaceX.
Маск претходно сугерираше дека тензиите меѓу Кина и Тајван може да се решат доколку Пекинг ја предаде контролата врз Тајван.
Тој, исто така, предложи Украина трајно да и го отстапи Крим на Русија, додека тој рече дека SpaceX не може да ги финансира услугите на Starlink во Украина на неодредено време.
Според Иан Бремер, шеф на консултантската компанија за политички ризици Eurasia Group, Маск му рекол дека директно разговарал со Путин за Украина. Маск, сепак, ги негираше овие тврдења.