Бајден се закани со данок на екстрапрофит на нафтените компании

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика нафтените и гасните фирми да ги искористат своите рекордни профити за да ги намалат трошоците за Американците и да го зголемат производството, заканувајќи се дека ќе воведат специјални даноци на дополнителниот профит една недела пред среднорочните избори за Конгресот и Сенатот.

Loading...

Во обраќањето во Белата куќа, Бајден ги критикуваше големите нафтени компании кои имаат огромни профити, додека Американците, уморни од инфлацијата, плаќаат големи сметки за гориво и енергија.

„Нафтената индустрија не успеа во својата посветеност да инвестира во Америка и да го поддржи американскиот народ“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

Не само што прават „фер враќање“, рече Бајден, туку остваруваат „толку висок профит што е тешко да се поверува“.

„Нивниот профит е воен профит“, рече тој, алудирајќи на конфликтот во Украина.

„Мислам дека тоа е срамота“, рече Бајден.

Доколку тој профит се пренесе на потрошувачите, цените на бензините би се намалиле за околу 50 центи, рече тој.

„Ако не го сторат тоа, тие ќе плаќаат повисоки даноци на нивниот вишок профит и ќе се соочат со други ограничувања“, рече тој.

Loading...

Белата куќа ќе работи со Конгресот за да ги разгледа овие и други опции.

„Време е овие компании да престанат со воено профитерство“, заклучи Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

Претседателот ова го изјави една недела пред изборите, каде Американците ќе одлучат дали неговите демократи ќе ја задржат контролата врз американскиот Конгрес.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.