Бајден: Русија продолжува да го потценува украинскиот народ

Сподели со своите пријатели

Руските воздушни напади извршени во четвртокот вечерта против Украина се потсетување на итноста и важноста на поддршката на украинскиот народ, изјави актуелниот американски претседател Џозеф Бајден.

Loading...

„Русија продолжува да ја потценува храброста, издржливоста и решителноста на украинскиот народ. Соединетите Американски Држави, заедно со повеќе од 50 земји, ја поддржуваат Украина во нејзината борба за слобода“, рече Бајден во соопштението објавено од Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Бајден оцени дека руските напади биле „безобразни“.

Воздухопловните сили на Украина претходно објавија дека руски беспилотни летала ја нападнале Украина во четвртокот вечерта, а во Киев и во голем број региони е објавена воздушна тревога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За главата на овој човек Американците нудат 10 милиони евра, а тој за прв пат застана пред камера!