Бајден по масакрот во Тексас: Кога ќе го запреме лобито за оружје?

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата од Белата куќа прашувајќи кога Америка ќе го запре „лобито за оружје“, по масакрот во училиште во Тексас, во кој, според последните информации, во вторникот вечерта беа убиени 19 ученици и двајца возрасни.

Loading...

„Се надевав дека како претседател нема да мора вака да се обраќам. Масовното пукање во основното училиште Увалде е уште еден масакр во САД. Убави, невини деца, од второ, трето, четврто одделение. И колку деца присуствуваа на тоа како загинаа нивните другари, како да се на бојното поле“, рече тој.

Бајден рекол дека „да се изгуби дете е како откинување на дел од душата“, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

„Тоа може да се случи. Ја молам нацијата да се моли за жртвите и да застане на патот на лобито за оружје. Ве молиме дајте им сила на родителите и браќата на загинатите во овој мрак што ги зафати. Како држава, треба да се запрашаме… кога ќе му застанеме на патот на тоа лоби за оружје? Кога ќе го направиме она што длабоко во себе знаеме дека треба да се направи?“, додаде Бајден.

Осврнувајќи се на прашањето за законот за контрола на оружјето, тој побара од пратениците „да ја претворат оваа болка во акција“ додека потсети на масовните пукања во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конектикат во 2012 година, кога тој беше потпретседател.

„Уморен сум од се, уморен сум. Мора да дејствуваме. Немојте само да ми кажете дека не можеме да реагираме по овој масакр. Зошто дозволуваме ова да се случи“, рече Бајден.

 

Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

Loading...

 

Вооружено момче застрела и уби 19 ученици и двајца возрасни во вторникот во основно училиште во Јужен Тексас, гувернерот Грег Абот.

Првата идентификувана жртва на масакрот беше наставничката Ева Миралес, која загинала додека ги спасуваше учениците.

Гувернерот Грег Абот рече дека 18-годишен осомничен, средношколец во градот Увалде, исто така е убиен, рече известувачот на Ал Џезира, Ивица Пуљиќ.

Осомничениот, 18-годишниот Салвадор Рамос, најверојатно загинал во престречла како одговор на пристигнувањето на полицијата по масакрот во училиштето на 130 километри од градот Сан Антонио.

Гувернерот на Тексас изјави дека убиецот имал пиштол, а најверојатно и пушка и додаде дека меѓу повредените имало и двајца полицајци кои први се јавиле на повикот, наведувајќи дека лекарите проценуваат дека не се опасни по живот.

Пукањето на јавни места е речиси секојдневно во САД, а вооруженото насилство е во пораст во големите градови како Њујорк, Чикаго, Мајами и Сан Франциско, особено по пандемијата во 2020 година.

Во средината на мај, Америка беше потресена од расистички вооружен напад во кој загинаа 10 Афроамериканци во продавница во Бафало, Њујорк.

Loading...