Бајден одобри прогласување вонредна состојба во Калифорнија

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри прогласување вонредна состојба во Калифорнија по невремето во кое загинаа најмалку 12 лица во изминатите 10 дена, а стотици илјади домови и деловни објекти останаа без струја.

Loading...

Декларацијата за вонредна состојба ја овластува Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да ги координира напорите за помош при катастрофи и да ги мобилизира ресурсите за итни случаи, соопшти Белата куќа.

Силната тихоокеанска бура во последните денови, придружена со обилни врнежи од дожд и снег, предизвика поплави и лизгање на земјиштето низ Калифорнија, а во Санта Круз подигна огромен бран кој уништи пристаниште, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Барак и Мишел Обама ја поддржаа Камала Харис