Бајден од Киев најави 500 милиони долари нова помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа прес-конференција со неговиот украински колега Владимир Зеленски во Киев, за време на ненајавената посета на Украина.

Loading...

Тој посочи дека Америка ќе испрати уште еден пакет помош во вредност од 500 милиони долари за Украина.

„Како што се приближуваме до годишнината од руската брутална инвазија на Украина, денеска сум во Киев за да се сретнам со претседателот Зеленски и да ја потврдам нашата непоколеблива посветеност на демократијата, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Кога Путин ја започна својата инвазија пред речиси една година, мислеше дека Украина е слаба, а Западот е поделен. Мислеше дека може да не надживее. Но, тој згреши“, рече Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

 

 

 

Тој најави дека Америка ќе одвои уште 500 милиони долари за оружје за Украина, што беше пречекано со ентузијазам во Киев.

Loading...

„Џозеф, добредојде во Киев! Вашата посета е многу важен знак за поддршка за сите Украинци“, рече Зеленски.

Да потсетиме, Бајден денеска ненадејно пристигна во Киев, а неговата посета на Варшава беше најавена претходно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

 

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.