Бајден: Не гледам добра причина да се сретнам со Путин

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не гледа добра причина да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин кон средината на следниот месец на самитот на Г-20 во Индонезија, додека вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ја исклучи таа средба.

Loading...

„Се зависи од тоа за што Путин би сакал да разговара. Ако сакаше да зборува за затворената американска кошаркарка во Русија, Бритни Грајнер, тогаш би можеле да разговараме. Но, слушајте, неговите постапки се брутални. Верувам дека извршил воени злосторства, така што не гледам рационална причина да се сретнам со него сега“, изјави Бајден за Си-Ен-Ен, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН тврдат: Руските напади врз украинската енергетска мрежа го прекршуваат хуманитарното право

За војната во Украина, тој рече дека не верува оти Путин ќе употреби нуклеарно оружје.

„Не верувам во тоа. Мислам дека е неодговорно Путин да зборува за тоа, оваа идеја дека лидерот на една од најголемите светски сили вели дека може да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина“, додаде Бајден, пренесе Танјуг.

Бајден рече дека заканите на Путин имаат дестабилизирачки фактор и предупреди на потенцијални грешки во расудувањето.

„Поентата што сакам да ја истакнам е дека грешките може да доведат до ужасен исход, но не затоа што некој сака се да претвори во светска војна. Меѓутоа, кога еднаш ќе употребите нуклеарно оружје, кој знае што ќе се случи“, рече Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст по одлуката на ФЕД да ги намали каматните стапки

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.