Бајден нареди знамињата да се спуштат на половина копје

Сподели со своите пријатели

Американските знамиња на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје во чест на жртвите од вооружениот напад во Монтереј парк, Калифорнија, во кој беа убиени десет лица, нареди американскиот претседател Џо Бајден.

Loading...

Бајден нареди знамињата да бидат на половина копје до вечерта на 26 јануари „како знак на почит кон жртвите на бесмислениот масакр што се случи на 21 јануари во Монтереј парк, Калифорнија“, се вели во соопштението на Белата куќа објавено минатата ноќ.

Маж уби десет лица доцна во саботата за време на прославата на кинеската Лунарна Нова Година во сала за танцување во паркот Монтереј, град во близина на Лос Анџелес.

Тој побегнал од местото на нападот, а полицијата синоќа по потера го пронашла во комбе и утврдила дека се самоубил.