Бајден ќе го постави Ентони Блинкен за американски државен секретар

Сподели со своите пријатели

Ентони Блинкен е можен  кандидат за функцијата на американски државен секретар во новата администрација на Џо Бајден, наведуваат неколку извори запознати со ситуацијата во штабот на новиот американски претседател.

Loading...

Американските медиуми јавуваат дека Блинкен (58) веќе работел во Стејт департментот како заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и е тесно поврзан со Бајден.

Блинкен, исто така, бил член на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон, пред да стане шеф на канцеларијата на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, кога Бајден го предводеше комитетот, и кратко време потоа беше советник за безбедност на тогашниот потпретседател Бајден.

Како што претходно е најавено, Бајден од утре ќе почне да ги објавува имињата на кандидатите за неговиот кабинет.

Сашко Димевски

Leave a Reply