Бајден ја поздрави одлуката на Папата да им дозволи на свештениците да благословуваат истополови парови

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја поздрави одлуката на папата Франциско да им дозволи на римокатоличките свештеници да благословуваат истополови парови надвор од редовните црковни служби или литургии, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Loading...

Папата Франциско официјално одобри да им се дозволи на свештениците да благословуваат истополови парови.

Во документот објавен во понеделникот се наведува дека луѓето кои „ја бараат Божјата љубов и милост“ не треба да бидат подложени на „исцрпна морална анализа“, пренесе АП.

Доктрината го разработува писмото што папата Франциско го испрати до двајца конзервативни кардинали, кое беше објавено во октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Барак и Мишел Обама ја поддржаа Камала Харис

Во тоа писмо тој сугерираше дека таквите благослови може да се принесат под одредени околности, доколку тие не се мешаат во ритуалот и светоста на бракот.

Новиот документ го повторува ова и наведува дека бракот е доживотна света заедница меѓу маж и жена.