Бајден ја оспори изјавата на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја оспори денеска изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ракетата што падна во Полска, при што загинаа две лица, не е од украинско потекло.

Loading...

„Тоа не е доказ“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа по враќањето од патувањето во Азија, според Ројтерс.

Зеленски вчера изјави дека е убеден оти експлозијата во која загинаа две лица во Полска не е предизвикана од проектил од Украина.

„Немам дилема, тоа не е наша ракета“, изјави Зеленски за украинските медиуми, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера изјави дека истрагата за падот на ракетата на територијата на Полска е во тек, но дека прелиминарните анализи „сугерираат дека инцидентот најверојатно бил предизвикан од украинска ракета за противвоздушна одбрана“.

Столтенберг на прес-конференцијата прецизираше дека најверојатно станува збор за проектил „истрелан со цел да се одбрани украинската територија од напади на руски крстосувачки ракети“.