Си-Ен-Ен објави дека Џо Бајден, претседателот на САД и Володимир Зеленски, претседателот на Украина, разговарале телефонски точно 49 минути во петокот.
Зеленски побара дополнителни санкции за Русија.
„Украинскиот претседател Зеленски го замолил Бајден за време на последниот повик за дополнителни санкции со цел да се создаде дополнителен посилен притисок врз Русија“, дознава Си-Ен-Ен.
Украинскиот претседател бара Русија да биде отсечена од меѓународната трговија и да продолжат санкциите насочени кон руската елита.
Со секој пакет санкции, САД вклучуваа дополнителен број олигарси и членови на нивните семејства.
Едно лице загина откако во Киев паднаа остатоци од соборена руска ракета (ФОТО)
Бајден го информирал својот украински колега за дополнителните санкции што ги подготвуваат САД, заедно со укинувањето на статусот на Русија како привилегиран трговски партнер.
Зеленски му се заблагодари на Бајден што побарал од него да продолжи да го зголемува економскиот притисок врз Кремљ.