Бајден го отвори патот за санкции на одговорните во Судан

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша извршна наредба со која се отвора патот за санкции против поединци вклучени во неодамнешното насилство во Судан, во кое загинаа стотици луѓе.

Loading...

Бајден во изјавата рече дека декретот ќе се однесува на „поединци одговорни за загрозување на мирот, безбедноста и стабилноста на Судан; за поткопување на демократската транзиција на Судан; за употреба на насилство врз цивили или за сериозно кршење на човековите права“, објави АП.

Тој истакна дека насилството што се случува во Судан е „трагедија и предавство на јасното барање на суданскиот народ за цивилна влада и транзиција кон демократија“.

„Се придружувам на мирниот народ на Судан и лидерите ширум светот во повикот за траен прекин на огнот меѓу завојуваните страни“, рече Бајден.

Борбите меѓу суданската армија и Силите за брза реакција (РСФ) се во тек во Судан од 15 април.

Конфликтот избувна меѓу единиците лојални на воениот владетел на Судан Абдел Фатах ал-Бурхан и РСФ предводени од Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти, кој е заменик-шеф на владејачкиот совет во кој беа вклучени и двајцата лидери.

Досега во конфликтите загинаа 550 луѓе, а речиси 5.000 се ранети, додека околу 100.000 луѓе избегаа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...