Бајден го нарече Путин воен злосторник

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја изврши врз Украина.

„Тој е воен злосторник“, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето по настаните во Белата куќа, пренесува Ројтерс.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Тој го обвини и рускиот претседател за „страшно уништување во Украина“, бомбардирање згради, породилишта и болници.

Претходно Бајден најави дополнителна воена помош за Украина во износ од 800 милиони долари, која меѓу другото вклучува беспилотни летала, системи за противвоздушна одбрана „Стингер“, автоматски пушки, минофрлачи и муниција.

 

Британија и пет други земји побараа седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

 

„Ќе и дадеме оружје на Украина да се бори и да се брани во тешките денови што претстојат“, рече Бајден, цитиран од Ројтерс.