Бајден ги продолжи вонредните мерки за Балканот

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи за една година итните мерки за Балканот, се вели во соодветната уредба на Белата куќа.

Loading...

„Актите на екстремистичко насилство и опструкционистички активности, како и ситуацијата на Западен Балкан што го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во документот.

Затоа, Бајден утврди дека е неопходно да се продолжат вонредните мерки кои се во сила, прогласени со Извршната наредба 13219 за Балканот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Оригиналниот декрет за вонредни мерки поврзани со регионот, кој е во сила од 26 јуни 2001 година, беше донесен од тогашниот американски претседател Џорџ Буш според законот за справување со невообичаени и големи закани за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Тој закон предвидува предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот.

Уредбата подоцна беше продолжена во 2003 и 2021 година.

Таквите мерки може да се продолжуваат секоја година доколку претседателот објави известување во Федералниот регистар и поднесе известување до Конгресот во кое ќе се наведе дека ќе продолжи да се применува по датумот на годишнината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни